Home Спорт „Марка“ тврди: Роналдо до крајот на годинава се сели во Ал Наср со најскап договор во историјата на фудбалот

„Марка“ тврди: Роналдо до крајот на годинава се сели во Ал Наср со најскап договор во историјата на фудбалот

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Кристиано Роналдо го договорил трансферот во Саудиска Арабија.

„Марка“денеска пишува дека Ал Наср очекува Португалецот до крајот на календарската година да потпише две и пол годишен договор вреден 500 милиони евра – најголем во историјата на фудбалот.

Ал Наср, клуб од Ријад, го предводи поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на тимот се голманот Давид Оспина и поранешниот играч на Виљареал, Алваро Гонзалес. Ал Наср е, заедно со Ал Хилал, неговиот градски ривал, најтрофејниот саудиски клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…