Advertisements
Спорт

„Марка“ тврди: Реал до крајот на неделата носи три големи засилувања

Шпанскиот весник „Марка“, кој секогаш е добро информиран за случувањата во „кралскиот“ клуб, тврди дека Реал Мадрид до крајот на неделата ќе донесе три големи засилувања.

Наводно Зинедин Зидан сака што побрзо да се „склопи“ тимот и до почетокот на припремите, кои започнуваат на 8-ми јули, да пристигнат сите засилувања.

„Марка“ тврди дека прв ќе биде претставен Еден Азар. Преговорите се во завршна фаза и Реал за неговиот потпис ќе му плати на Челзи 115 милиони фунти.

Блиску до трансфер на „Сантиаго Бернабеу“ е и Ферланд Менди, левиот бек на Лион кој доаѓа по барање на Зидан. Се договараат последните детали, а „Марка“ тврди дека „кралевите“ ќе платат 40 милиони евра за Французинот.

Третото засилување ќе биде српскиот голгетер Лука Јовиќ кој имаше феноменална сезона во Ајнтрахт. Преговорите се во завршна фаза, а трансферот би требало да изнесува околу 70 милиони евра.

Advertisements
To Top