Home Спорт „Марка“ тврди: Јовиќ нова „деветка“ во Реал Мадрид

„Марка“ тврди: Јовиќ нова „деветка“ во Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Марка“, кој важи за близок на Реал Мадрид на денешната насловна страна тврди дека Лука Јовиќ ќе биде нов напаѓач на „кралскиот“ клуб.

Долго време Барселона важеше за фаворит за неговиот потпис, но Каталонците наводно се отлажале од голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт.

„Диарио Гол“ пред неколку дена ексклузивно пренесе дека Јовиќ веќе постигнал договор со Реал Мадрид и дека наскоро ќе потпише договор на шест години, а денес стигна потврда и од „Марка“.

Мадридскиот весник пишува дека Србинот е трансфер цел број еден на „кралевите“ и дека целиот трансфер ќе го чини Реал Мадрид 70 милиони евра. Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“ ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Зидан побарал од претседателот Перез брзо да реагира и да го донесе Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“, а „кралскиот“ клуб наводно веќе ги договорил сите детали од трансферот.

Зидан сакаше да донесе во тимот млад напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема и во иднина прв напаѓач на „кралевите“. Доаѓањето на Јовиќ ќе значи и заминување на Маријано Дијаз.

Лука Јовиќ игра фантастична сезона и до сега на 37 настапи за Ајнтрахт постигна 23 гола и запиша 7 асистенции во сите натпреварувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…