Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Плејмејкерот на „кралевите“, Иско со едната нога е надвор од Реал Мадрид, пренесува доброинформираната „Марка“.
Иско многу ретко добива шанса кај тренеротр Солари, а во средата на мечот против ЦСКА Москва го навлече гневот на фановите. Имено, тој одби да ја носи капитенската трака, а камерите го уловија како се расправа со публиката.
„Марка“ тврди дека и Реал е изморен од целата ситуација и Перез размислува да го продаде Иско, па неговите денови на „Сантиаго Бернабеу“ се одбиени.
За плејмејкерот има многу заинтересирани клубови, но проблем е што никој не е спремен да ја плати сумата од 100 милиони евра, колку што бараат „кралевите“.
Јувентус и Манчестер Сити покажуваат најсилен интерес за Шпанецот, сепак многу поголема е веројатноста трансферот да се случи на крајот на сезоната, отколку во зимскиот преоден рок.