„Марка“ тврди дека Барса ќе го отпушти Куман


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Барселона имаше уште еден разочарувачки натпревар против Гранада на големо се најавува отказ на Роналд Куман.

Холанѓанецот ја нема поддршката од навивачите, а изгледа и раководството повеќе не му верува. Куман кој е играчка легенда на Барселона беше доведен во ерата на поранешниот газда Хозе Марија Бартомеу.

Денешното издание на „Марка“ пишува дека Лапорта после вчерашниот натпревар донел одлука Куман да добие отказ.

Меѓутоа во овој момент не е јасно кој би го наследил Куман. Проблем за Барселона се и финансиите. Во случај на отказ клубот на Холанѓанецот ќе мора да му исплати 13 милиони евра.