„Марка“ ја откри шопинг листата на Реал Мадрид – пристигнуваат четири ѕвезди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона трпеше критики од сите страни за настапите во Примера, но на крајот ја заврши сезоната на импресивен начин и повторно се искачи на врвот на Европа.

Зидан во Мадрид создаде династија која изгледа како совршен тим, но ова лето „кралевите“ сигурно ќе направат промени и дополнително ќе го засилат тимот.

Роналдо крена прашина после финалето, но Португалецот не е проблем и сигурно ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“. Тоа не може да се каже за Герет Бејл кој не е задоволен со статусот и ова лето најверојатно ќе ја промени средината.

Неговото заминување ќе значи сигурно доаѓање на една голема ѕвезда. Најголемата желба е Нејмар, меѓутоа тој трансфер е тешко извдлив ова лето, освен ако Бразилецот не почне „штрајк“ во Париз за да ги натера сопствениците да го продадат.

Како алтернатива на Бразилецот се споменуваат неколку имиња, пред се Мохамед Салах, Еден Азар и Пауло Дибала.

„Кралевите“ ова лето сигурно ќе донесат и нов голман, а поради тешкотиите да се реализира трансферот на Де Геа, Перез ќе се насочи кон голманот на Рома и бразилски репрезентативец Алисон.

Раководството е во потрага и по алтернатива за Карвахал на десната бековска позиција, па прва желба е шпанскиот репрезентативец Алваро Одриазола, кој има откупна клаузула од 40 милиони во договорот со Реал Сосиедад.

Реал сака да донесе и уште еден стопер како алтернатива за Рамос и Варан. Прва желба е играчот на Атлетико Мадрид, Хосе Марија Хименез, а како алтернатива се спомнуваат дефанзивците на Интер и Милан, Скриниар и Ромањоли, чија цена во моментов изнесува околу 60 милиони евра.

Целиот овој план денес го објави „Марка“, весник кој е секогаш добро информиран за случувањата во „кралскиот“ клуб.