„Марка“ избираше најдобри: Меси го „прегази“ Роналдо!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славната и реномирана „Марка“ која важи за медиум наклонет на Реал Мадрид спроведе анкета која даде изненадувачки резулати.

Имено, читателите на „Марка“ во анкета го избираа најдобриот фудбалер за 2017 година.

Иако Кристиано Роналдо во 2017 година стигна до Златната топка и ФИФА наградата за најдобар фудбалер на годината за читателите на шпанскиот весник тоа не беше доволно.

Лионел Меси во оваа анкета беше избран за најдобар фудбалер и тоа со убедлива предност во однос на својот голем ривал, Роналдо. Во гласањето во кое учествуваа 63.000 читатели, Меси собра 56% од гласовите, а Роналдо само 25. Иско стигна до третото место со 6%, додека Лука Модриќ и Хари Кејн го делат четвртото место со по 3%, пишува Спортски.мк.

„Тешко е во неколку зборови да се објасни играта на Меси во минатата година. Во 2017 година тој ја освои својата четврта Златна копачка со 37 постигнати погодоци во шпанското првенство, сезоната ја заврши со 54 погодоци и 19 асистенции, а оваа сезона повторно е на пат да соборува нови рекорди“, стои во образложението на „Марка“.

https://twitter.com/estfrm57/status/947776695427391488