„Марка“ го смести Елмас меѓу 10-те „бисери“ во Европа (фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еминентниот весник „Марка“ состави листа од млади фудбалери кои се очекува да блеснат во Лигата на шампионите оваа сезона и во неа го смести и нашиот „дијамант“ Елиф Елмас.

Непосредно пред стартот на новата сезона во елитното фудбалско натпреварување, шпанската „Марка“ состави листа од 10 млади играчи кои се очекува да блеснат оваа сезона во Лигата на шампиони.

Елиф Елмас се најде меѓу десетте фудбалски бисери на Стариот континент, а Македонецот денес ќе го чека своето деби во ЛШ против Ливерпул.

„Македонецот премина во Наполи ова лето од Фенербахче за 16 милиони евра. Може да игра на средината од теренот или на крилните позиции, има одлична прегледност, а не се плаши ни да влезе во дуел. Минатата сезона постигна четири гола во турското првенство, пишува Марка.

Покрај Елмас на листата се уште Дани Олмо (Динамо), Јанис Хаџи (Генк),Доминик Шобошлаи (Салцбург), Ибрахим Конате (Лајпциг), Лисандро Мартинез (Ајакс), Маркос Антонио (Шахтјар Доњецк), Ерлинг Халанд (Салцбург), Оливер Скип (Тотенхем), Алекс Мерет (Наполи).