„Марка“ ги посочи причините за слабите резултати на Реал: Куртоа, Модриќ…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона на 11 официјални натпревари победи само на пет, па јасно е дека „кралевите“ оваа сезона не играат добро.

Најугледниот шпански весник „Марка“ виновникот за падот на Реал Мадрид го пронајде во Лука Модриќ, кој оваа сезона игра непрепознатливо.

Се уште актуелниот носител на „Златната топка“ оваа сезона поради повреди и суспенции одигра само пет меча, па според медиумите тој е една од причините за слабите игри на тимот.

„Марка“ наведе 10 причини за слабите резултати на Реал, а како главна причина го посочи голманот Тибо Куртоа, кој прима многу голови. Потоа недоволната адаптација на новите играчи, повредите… и Модриќ.

„Средината на теренот е место каде се добиваат или губат натпреварите. Тука Реал има огромни проблеми затоа што нема доволно опции. Модриќ и Крос тука се незаменливи, но Германецот не е константен оваа сезона, а формата на Модриќ е во надолна линија“, пишува „Марка“.