Home Шоубизнис Марк Закерберг се поднови со мегајахта од 150 милиони долари!

Марк Закерберг се поднови со мегајахта од 150 милиони долари!

Основачот на Фејсбук, милионерот Марк Закерберг, купи ултра луксузна јахта за 150 милиони долари на саемот за јахти кој се одржа во Монако.

Јахтата има приватен хеликоптер, посебен 24 метарски чамец, додатно теренско возило и мотоцикл. Марк е еден од 10те најбогати луѓе на светот, а богатството му е проценето на 75 милијарди долари. Јахтата ја здогледал на саемот, па тајно ја купил покасно без да се пофали на Фејсбук пред своите пријатели.

Јахтата е оригинално проценета на 295 милиони долари, но Закерберг добил попуст бидејќи јахтата неможела да се продаде скоро цела година. Марк и сопругата ја користат скоро пет месеци, а последен пат се видени на Тихиот океан.

Јахтата која ја поседува Марк е изградена во Норвешка и е во можност да го преплови половина свет само со еден резервар. Јахтата може да нагости 15 луѓе во 15 приватни апартамани. Екипажот брои 43 членови и има посебни 20 соби за нив. Максималната брзина е 15 чворови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …