„Марија“ жестоко удри на островот, премиерот порача: Пренесете на светот, Доминика не постои!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ураганот „Марија“, кој е вториот кој за помалку од еден месец ги погоди Карибите утрово преминал во највисоката 5 категорија.

Според агенциите, ураганот со цела сила го погодил малиот остров Доминика со 72.000 жители. Во отсуство на детални информации за ситуацијата, агенциитеја пренесуваат драматичната порака на премиерот на Доминика, Рузвелт Скерит, својот профил на „Фејсбук“: „Ве молам кажете му на светот дека Доминика е уништена“.

Според него секој со кого разговарал останал без својот дом, но дека нема информации за жртви.

Ураганот сега се движи кон Девствените острови и Доминиканска република, кои ќе бидат погодени во среда и четврток.

Под закана на ураганот „Марија“ им се заканува и на островите Гвадалупе, Сент Китс и невис, Монсерат, Доминика и Света Луција, каде се издадени предупредувања за опсаност.

Во Порторико се подготвени 450 засолништа за најмалку 68.000 луѓе. Училиштата се затворени, а државните устаниви работат со скратено работно време.

„Марија“ се движи по речиси истиот пат, по кои на почетокот на месецот помина ураганот „Ирма“ од петта категорија, кој го опустоши целиот овој регион, при што загинаа 37 луѓе.