„Марија“ стана ураган, ќе удри на истите места каде што пустошеше „Ирма“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На островот Гвадалупе беше прогласен портокалов степен на тревога во пресрет на поминувањето на ураганот Марија, објавија француските власти и најавија дека на таа своја прекуморска територија испраќаат уште 110 припадници на цивилната заштита.

„За понеделник, 18 септември, Метео Франс предвидува немирно море за Гвадалупе, силни ветрови до 200 километри на час, дождови до 400 мм по квадратен метар“, рекоа локалните власти во соопштението.

На француско-холандскиот остров Сент Мартин и Сент Бартоломеј, кои веќе во почетокот на септември ги опустоши ураганот Ирма, останува жолт степен на тревога, според истиот извор.

Ураганот Марија, според сите прогнози, во деновите што следуваат брзо ќе зајакне и ќе се движи кон Карибите, кои уште заздравуваат од последиците на ураганот Ирма.

Се очекува Марија за само два дена да се зајакне до ураган од четврта категорија, објави Си-ен-ен.

„Марија продолжува да се засилува и се очекува за два дена да биде голем ураган и да донесе опасни ветрови, силни бури и поројни дождови“, прогнозираат метеоролозите.

Марија е само една од трите бури што се формираа над Атлантски Океан, но е најопасната.