
Концертот на Марија Шерифовиќ е главна тема на денот
Концертот на Марија Шерифовиќ го следеа и нејзините колеги од жирито на „Ѕвезда Гранда“ – Цеца Ражнатовиќ, Ѓорѓе Давид и Александар Милиќ Мили.
Марија е докажана врвна пејачка, а како што самата рече, тоа и не е чудно бидејќи потекнува од музичко семејство. Нејзината мајка Верица е пејачка, татко ѝ Рајко тапанар, а и неговите родители биле музичари.
– Влегувајќи во брак, кој официјално заврши дваесет години подоцна, добив можност да усвојам многу убави работи од родителите на мојот сопруг, кои беа професионални музичари.
Свекрва ми Лепа беше пејачка, а свекор ми Емин, потомок на Шериф Шерифовиќ, сопственик на кафеаната „Бело јагне“, каде што пееше и играше Коштана од Бора Станковиќ, беше хармоникаш. Секое утро ме будеше со музика и кафе. Од него научив многу староградски песни и романси – раскажа Верица еднаш.
Емотивен момент на концертот
Марија Шерифовиќ за 60-от роденден одлучи да ја израдува својата мајка Верица Шерифовиќ, давајќи нов живот на некои од нејзините најголеми песни. Синоќа на концертот призна дека тоа не била лесна задача, но и дека Верица е единствената пејачка во Србија која пее подобро од неа.