Марија Митева е назначена за портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Марија Митева е нова портпаролка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покрај актуелните Димче Арсовски и Наум Стоилковски.

Одлуката е донесена на последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Марија Митева е магистер по правни науки, отсек деловно право.

На седницата, меѓу другото, како што наведуваат од партијата, се разгледувала актуелната економска и политичка ситуација, поврзана со актуелните случувања во време на пандемијата при што биле изнесени неколку заклучоци од страна на раководството.