Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агентката Марија Бутина, која беше обвинета од страна на американските власти за собирање информации кои му ги пренесувала на еден руски функционер против кого американските власти годинава воведоа санкции, како и дека настојувала да воспостави врски меѓу американски политичари и Кремљ, реши да ја признае вината за шпионски заговор.
Марија Бутина, која американските власти ја обвинија дека е руски агент и дека се обидела да влијае врз политиката на САД кон Русија, се согласила да се изјасни како виновна за заговор и да соработува со американските федерални, државни и локални власти, пренесуваат американските медиуми.
Во договорот, чија копија тврди дека поседува мрежата Еј-би-си, Марија Бутина наводно признала дека ковала заговор со цел дејствување против САД под контрола на неименуван руски функционер, пренесува Ројтерс.
Американскиот сојузен обвинител и адвокатите на Бутина соопштија на 17 ноември дека активистката за право на поседување и носење оружје преговара за „можно решение“ за нејзиниот случај.
Тие тоа тогаш го наведоа во заеднички документ во судот во Вашингтон, што беше првиот доказ дека 30-годишната активистка е или спремна да признае вина или на некое друго решение кое би ѝ ја намалило казната.
До тогаш нејзините адвокати решително ги отфрлаа обвиненијата како „пренапумпани“, тврдеа дека таа не е руски агент и бараат случајот да се отфрли.
Марија Бутина беше уапсена летоска и подоцна обвинета за заговор и дека е нерегистриран руски агент.
Обвинителите тврдат дека таа за време на претседателската кампања во 2016 и по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, како покритие за своите активности го користела статусот на студентка за да се инфилтрира во Националната асоцијација за право на оружје (НРА) и во други политички организации поврзани со Републиканската партија.
Се наведува дека Бутина собраните информации му ги пренесувала на руски функционер на кого американските власти годинава му вовеле санкции, како и дека се обидувала да воспостави врски меѓу американски политичари и Кремљ.