Марихуана вредна над 5 милиони евра запленета во Карбинци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во општина Карбинци, штипско, надлежните служби пронашле и заплениле околу 15 500 стебла со марихиуана, чија пазарна вредност е процената на повеќе од пет милиони евра, соопштија од МВР.

Растенијата со канабис биле пронајдени кај три лица на пет локации во Карбинци.

„Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15 415 растенија“, соопшти портпаролот МВР Сузана Прањиќ Талевска.