Марго Роби ќе ја „оживее“ Барби на филмското платно


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Холивудската актерска ѕвезда со австралиско потекло, 28-годишната Марго Роби (28) ќе ја толкува улогата на популарната кукла Барби на филмското платно. Претходно, понуда да ја „оживеат“ Барби на филм имале Ен Хетавеј и Ејми Шумер, но и двете ја одбиле истата.

„Чест ми е да ја преземам оваа улога за која верувам дека ќе има неверојатно позитивно влијание врз децата“, изјави Роби.

Таа додава дека не би можела да замисли подобри партнери од „Ворнер Брос“ и Мател, творецот на сè уште најпопуларната кукла на планетата, Барби.

Филмот, кој допрва треба да има титула, режисер и датум на издавање, ја означува првата соработка помеѓу двете американски компании.

Досега е познато дека неговата премиера е одложена до 2020 година.