Актуелно

Маргарет Етвуд – лауреат на „Златен венец“ за 2016

Наградата на канадската авторка ќе и биде врачена на годинашното, 55-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.

Канадската авторка Маргарет Етвуд е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, соопшти денеска раководството на поетскиот фестивал.

Етвуд е родена во 1939 во Отава. Таа е романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка. Нејзиното пишување, главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови. Позната е по своите романи, но еднакво е успешна и во поезијата. Во нејзиниот опус се вбројуваат и голем број збирки кратки раскази и книги за деца.

Добитник е на највисоките книжевни награди во Канада, носителка е на францускиот орден Легија на честа. Во 2000 година ја доби Букеровата награда за романот „Слеп убиец“.

„Златниот венец“ на Етвуд ќе и биде врачен на годинашното, 55-то издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.

Од 1966 година, откога СВП доделува „Златен венец“, Етвуд е трета поетеса што ја добива наградата. Претходни жени-лауреати на признанието беа Десанка Максимовиќ во 1988 и Нанси Морехон во 2006 година.

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top