Мараја Кери открива дека скоро две децении страда од ова пореметување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поп дивата Мараја Кери откри дека речиси две децении страда од пореметување чија дијагноза ја добила во 2001 година.

Мараја откри дека според лекарските наоди и дијагностицирања во 2001 година, таа речиси две децении се бори со биполарно пореметување. Тој период од животот го опишува како најтешките години за неа.

„Донеодамна живеев во негирање и изолација, постојано стравувајќи дека ќе се дознае за ова. Тешко е да се носиш со тоа и едноставно веќе не можев да молчам. Побарав и добив лекарски третман, се трудам да бидам опкружена со позитивни луѓе и почнав повторно да работам на она што најмногу го сакам – да пишувам песни и да создавам музика“, вели Кери за People.

Додаде дека продолжила со терапијата и дека пие лекови за бипорално пореметување кое предизвикува периоди на депресија и хипоманија.

„Изгледа дека лекот кој го користам е многу добар. Не се чувствувам премногу уморна и трома. Пронаоѓањето рамнотежа е најважно. Долго мислев дека имам сериозно пореметување во спиењето, но тоа не беше нормална несоница. Работев, работев и само работев. Бев и раздразлива и постојано во страв дека ќе ги изневерам луѓето. Во текот на периодите на депресија немав енергија, се чувствував осамена и тажна, дури чувствував и вина дека не го правам тоа што треба за мојата кариера, вели пејачката.