Марадона жестоко го нападна Меси: Нема смисла од него да правиме лидер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона за прв пат остро го нападна Лео Меси и упати критики кон ѕвездата на Барселона.

Иако неколкупати во последните години беа на чекор до огромен успех, Аргентинците не се израдуваа на ниту еден трофеј, а многумина за тоа го обвинуваат нивниот најдобар играч, Лионел Меси.

Марадона, кој до сега беше на страната на Меси, сега тврди дека нема смисла од него да се прави лидер, кога тој нема лидерски способности.

„Бесмислено е да се обидуваме да направиме лидер од некого кој оди во тоалет 20 пати пред секој натпревар. Не би требало од него да правиме божество, бидејќи тој е само човек. Во националниот тим тој е само уште еден играч“, изјави Марадона.

Меси за Аргентина има одиграно 128 натпревари, на кои има постигнато 65 голови.