Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сајтот „Jakub Marian“ објави мапа на кој се прикажани статистичките податоци колку милијардери живеат во Европа врз основа на нивното државјанство.
Една од земјите со најмногу милијардери, секако, е Русија, додека во останатите европски земји има далеку помалку милијардери. Дури 101 од богаташите во Русија се милијардери, а во Германија таа бројка изнесува 123. Во Франција живеат 40 милијардери.
Интересен податок е дека дури и најмалите европски држави имаат барем по еден милијардер. Така, во Монако има четвроица, а во Лихтенштајн само 1.
За разлика од останатите европски земји, во земјите кои беа дел од бившата југословенска федерација нема ниту еден милијардер (или барем официјално не се води никој како таков). Ниту една бивша југословенска земја не може, барем официјално, да се вброи во оваа економска елита.
Од другите словенски држави, Украина има 7 милијардери, Полска и Чешка по 6, а Словачка 1.