Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, МАНУ активно се вклучи во одбележувањето на значајната годишнина на својот прв претседател преку повеќе активности.
Една од активностите е изработка на веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески, подготвена од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.
Првите шест тома од целокупните дела на Блаже Конески го опфаќаат неговото книжевно-уметничко и книжевно-научно творештво, односно Поезија 1, Поезија 2, Препеви, Проза, Есеи и Македонскиот 19 век.
„Иницијатор и раководител на научно-истражувачкиот проект на МАНУ „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ беше академик Милан Ѓурчинов. На веб-страницата се претставени дигиталните верзии на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“, проект на МАНУ раководен од академик Катица Ќулавкова“, истакнуваат од институцијата.
Со том 7 започнува лингвистичкиот дел од творештвото на Блаже Конески.
Од МАНУ нагласуваат дека дигитализираните верзии на објавените томови од „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ можат да се користат единствено за научни цели.