Manmakers: Сет вежби од кои „пукаат“ мускулите и телото – и за мажи и за жени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Manmakers претставуваат вежба за целото тело која на интегрален начин поврзува неколку различни вежби. Оригинално измислена во фитнес центарот Gym Jones (светски познат центар по тоа што на ова место се изведуваа тренинзите за филмскиот хит 300), Manmakers за кратко време го обиколи светот и тоа не без причина. Вежбата претставува комбинаија од движења која ги опфаќа јадрените мускули и големите групи на мускули на човековото тело и плус активно влијае на мускулите стабилизатори.

Оваа вежба може да биде дел од вашиот кружен тренинг при што таа нема да трае повеќе од 30-45 секунди по круг или пак како независна и единствена вежба од која ќе биде составен целиот тренинг. Доколку изберете да ја работите во кружен тренинг имајте на ум дека вежбата го таргетира комплетното тело при што се активирани сите големи групи на мускули па така по оваа вежба во кружниот тренинг треба да следат вежби како што е на пример скокањето на јаже.

Ако пак одлучите тренингот целосно да го посветите на оваа вежба тогаш времетраењето треба да биде меѓу 10-30 минути зависно од можностите. Одберете тегови кои нема да ја нарушат формата на вежбата.

Очекувајте дека срцевиот ритам ќе биде на високо ниво, калориите ќе се топат како од шала и тоа ќе продолжи и по тренингот. Покрај тоа, вежбате е одлична за градење на мускулна издржливост и телесна симетрија. Подеднакво препорачлива и за мажи и за жени.