Вебкафе

Манекенката во утринската емисија облече претесни гаќички


Гледачите на утринската емисија од британскиот ITV канал не беа задоволни кога манекенката која рекламира долна облека покажа малку повеќе отколку што требаше.

Во емисијата This Morning се разговараше за популарните мидери, кога една манекенка речиси „ќе експлодираше“ во својот комплет кој го носеше.

Стилистот Гок Ван, кој ја облече манекенката, изјави дека избрал долна облека за да покаже дека и мидерите можат да бидат прекрасни. „Сакав да покажам дека долната облека и големите гаќи можат да бидат убави“, вели тој.

Штом манекенката Наташа Едлмајер (27) излезе пред камерите, а водителите Холи Вилофбај и Шофилд изненадено заклучија дека тоа не се „бапските“ гаќи кои ги очекуваа.

Долната облека која ја носеше Наташа покажуваше повеќе отколку што треба од нејзините интимни зони, што гледачите брзо го забележаа.

„Оваа девојка веројатно ќе се чувствува незгодно откако на снимката ќе го види тоа што и ние го видовме“, „Деца го гледаат ова ѓубре“, „Добро е избричена денес“ се само некои од коментарите кои ги упатија гледачите.

И покрај критиките, Наташа изјави дека долната облека е доста удобна.

„Ми се допаѓа, мислев дека ќе биде ужасно, но многу се секси“, изјави таа.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top