Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Триесетгодишната манекенка и актерка Кели Брук моментално ужива во Бодрум, Турција, од каде секојдневно споделува секси фотографии на кои позира во тесни и тенки костими за капење.
И овој пат, во обид да ги импресионира со својот изглед и атрибути своите фанови, Кели се „стегна“ во тигрест костим за капење и ја понуди својата задница во преден план. Но, на тоа се јавија многумина кои коментираа дека манекенката фотката ја има средувано во Фотошоп и тоа на многу лош начин.
„Како твојата половина на оваа фотографија е двојно потенка во однос на другите фотографии“, беше една од критиките, додека друг нејзин обожавател напиша дека таа треба што побрзо да го отпушти својот графички дизајнер кој ги средува нејзините фотографии во Фотошоп.
Што мислите вие, дали фотката е „фотошопирана“ или е „вистинска“?