Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
24-годишната руска (како што денес популарно ги викаат) „инфлуенсерка“ Кира Мајер е осудена на 18 месеци затвор бидејќи наводно на полицајци им понудила секс во тројка откако ја запреле за сообраќаен прекршок и напад на полицаец.
Кира на суд призна дека ги нападнала полицајците откако ја запреле во Москва, каде се возела со својот Мерцедес.
Наводно им го истргала записникот од раце, потоа почнала да ги удира и гребе, а на крајот пробала и да побегне. Поради нејзиното признание на вината, на суд не се прикажале „интимни детали“ од случувањето.
Како што пренесува „Комсомолскаја Правда“, Кира на полицајците им понудила сексуален однос „соло или во дует“, само да ја пуштат неказнето. Полициските службеници го одбиле тој предлог и ја уапсиле.
Таа својот Мерцедес го возела без возачка дозвола, бидејќи истата е одземена од неа во период од 15 месеци поради бегање од место на сообраќајна несреќа.
Кира често провоцира со своите фотографии и статуси на Инстаграм, каде ја следат над 148.000 луѓе.
„Кога ќе ми здосади мојот среќен живот, ќе се омажам и ќе страдам како нормалните луѓе“, изјави еднаш. Изгледа тоа време за страдање конечно ја стигна.