Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
19-годишната студентка и манекенка Катарина Зарутски обожава да патува ширум цел свет, на Инстаграм ги споделува своите патувачки и авнатуристички искуства од егзотичните места.
Пред околу еден месец таа со својот дечко беа на Бахамите и додека уживаше во тиркизно бистрата вода, забележа ајкула со која веднаш посака да поплива и да се слика за на Инстаграм, бидејќи дотогаш „многу пати видела такви фотки“ на социјалната мрежа.
Пливањето со болничарското морско куче обично е „безопасно за луѓето“, пишува на сајтот Exuma Online, кој нуди „уникатна можност во животот“ за фоткање со такиот вид на ајкула. Катарина не сакаше да ја пропушти таа можност, иако семејството од нејзиниот дечко било скептично за таквата авантура.
Влегла во водата, а набрзо после тоа морското куче ја гризнало за рака и ја тргнало под вода. Катарина вели дека останала смирена, па набрзо ја извлекла раката од водата за крвта да не ги привлече другите ајкули.
Признава дека била доста уплашена, но дека знаела оти мора да биде прибрана и да излезе на безбедно. Кога излегла од водата, била среќна што ајкулата ја гризнала само за раката. „Среќна сум што уште ја имам таа рака“, вели Катарина.
Таа додава дека знае оти морското куче не направило ништо погрешно. „Тие се диви животни. Им препорачувам на луѓето да бидат внимателни. Вие се наоѓате во нивната природна средина и дом“, заклучува Катарина.