Мандатот на Иванов му истекува во недела – дали ќе повлече уште некој помилувачки потег?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Политичките експерти и аналитичари, но и пошироката јавност, се прашуваат дали во преостанатите три дена од неговиот втор претседателски мандат претседателот во заминувањае, Ѓорге Иванов, ќе ја искористи својата функција и право да даде уште некое помилување на некој од учесниците во собранискиот упад од крвавиот 27 април.

Од неговиот кабинет не одговаратаат на прашањата колку вкупно осудени за крвавиот четврток поднеле барања за амнестија и дали ќе се одлучува по нив.

Дел од порталите блиски до опозицијата прашуваат дали Иванов достоинствено ќе ја напушти Вила Водно, наведувајќи дека ако одлучи да се повика членот 11 може да ја заобиколи постапката преку Министерството за правда и да даде помилување.

И додека трае неизвесноста околу тоа дали и каков потег ќе повлече Иванов, обвинителството за организиран криминал и корупција ја привршува истрагата за организаторите на собраниските насилства. Но екс премиерот во бегство Никола Груевски се уште не е на листата на лица кои Интерпол ги бара со меѓународна потерница.

Шефицата на Организиран криминал Вилма Русковска вели дека на барањето што таа преку МВР го испратила пред два месеци, добила одговор дека потерницата нема да биде објавена.

Дали азилот кој Груевски го доби од унгарските власти е причина за одбивањето на потерницата, од Интерпол не образложиле. Но одбиле да распишаат потерница и за поранешниот агент на УБК Никола Бошковски, кој исто така е осомничен како организатор, а е во бегство во Грција.

Меѓу осомничените организатори се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот министер Спиро Ристовски и поранешниот спикер Трајко Вељановски. Тие и нивните адвокати деновиве ги разгледуваат доказите со кои располага обвинителството, и можно е до крајот на мај да биде покренато обвинение за случајот.