Мандатарот Ковачевски ги објави министрите кои доаѓаат од редовите на СДСМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски, предмалку на прес-конференција ги објави предлозите за нови министри, кои, како што рече, поседуваат професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓните и веруваат во солидарноста и еднаквоста.

Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија

Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци

Славјанка Петровска, министер за одбрана

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Никола Тупанчевски, министер за правда

Љупчо Николовски, министер за земјоделство

Јована Тренчевска, министер за труд и социјала

Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Како што рече Ковачевски, предлозите за нови министри и предлог-владината програма ќе ги достави до парламентот уште во текот на утрешниот ден.