Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанската фудбалска федерација денес официјално го претстави Роберто Манчини за новиот селектор на националниот тим.
Манчини на пресконференцијата истакна дека е горд што ќе ги предводи „аѕурите“ и вети дека ќе ја врати Италија во светскиот врв.
„Многу сум горд што ќе го преземам националниот тим и им благодарам на луѓето од Федерацијаат што имаа доверба во мене. Ова беше лесен избор за мене, понудата ја прифатив веднаш. Италија секогаш имала добри фудбалери и како селектор ќе имам голем избор“, истакна Манчини.
„Тешко е сега да кажам како ќе играме. Ќе ги приспособам моите идеи според карактеристиките на фудбалерите. Треба да ја вратиме Италија на самиот светски врв. Првата цел е освојување на Европското првенство. Долго време не сме освоиле европска титула“, заклучи Манчини.