Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед синоќа во еден одличен натпревар стигна до победа во дербито против Арсенал.
Добро го започна Арсенал натпреварот и го отвори резултатот преку Смит Роу во 13. минута. Таа предност на „топџиите“ беше актуелна се до пред крајот на полувремето кога Бруно Фернандеш го изедначи резултатот.
На стартот од вториот дел, после само седум минути игра Роналдо го постигна својот 800. гол во кариерата за пресврт и водство во натпреварот. Кратко траеше таа радост на „ѓаволите“ затоа што Мартин Одегард три минути подоцна изедначи.
Натпреварот беше решен на 20 минути до крајот кога Роналдо од пенал ги постави конечните 3:2. Треба да се поменеме дека ова беше последен натпревар за Мајкл Керик како привремен тренер на Манчестер Јунајтед, веќе од следниот дуел на клупата седнува Ралф Рагник. Јунајтед со триумфот дојде до 21 бод и седмото место на табелата, Арсенал е петти со 23 бода.