Home Спорт Манчестер Сити ризикува службен пораз против Арсенал

Манчестер Сити ризикува службен пораз против Арсенал

Манчестер Сити ризикува да допушти служен пораз со 3:0 од Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Причината е одлуката на тимот да отпатува за Лондон на денот на натпреварот, кој на програмата е утре.

Временските услови во Лондон го доведуваат во прашање самото одигрување на дербито. Денес столицата на Англија беше покриена со снег и се очекуваат минусни температури, а според прогнозите времето додатно ќе се влоши утре.

На „Емирати“ има современо греење кое ќе дозволи да се игра мечот, но проблем се условите околу стадионот, односно загриженоста за транспорт на 60.000 луѓе.

И покрај ризикот Манчестер Сити донесе одлука да отпатува за Лондон утре со утринскиот воз. По патот од Манчестер до Лондон се очекуваат големи врнежи на снег кои може да доведат до заврана на возовите.

Поради тоа тимот на Сити ризикува да не стигне на време во Лондон за натпреварот, а според правилникот тоа значи и службена победа на Арсенал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…