Манчестер Сити подготвува уште еден трансфер!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Сити денес официјално го потврди трансферот на Емерик Лапорте од Атлетик Билбао, но англиските медиуми пренесуваат дека „граѓените“ се многу блиску до комплетирање на уште еден трансфер.

Станува збор за младиот и талентиран крилен играч Џек Харисон кој во моментов настапува за сестринскиот клуб на „граѓаните“, Њујорк Сити.

Репрезентативецот на Англија до 21 година импресионира со игрите во тимот на Њујорк оваа сезона и за него покрај Сити постоеше интерес и од неколку други екипи од Островот.

Трансферот би изнесувал околу четири милиони фунти, а Харисон веднаш ќе биде испратен на позајмица во редовите на Миделсбро.

Интересно е што Харисон потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед каде играше од 2003 до 2010 година.