Манчестер Сити го претстави Габриел Жесус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Сити конечно го претстави новото засилување Габриел Жезус, кого „граѓаните“ го купија уште во летниот преоден рок.

19-годишниот Бразилец беше купен за 27 милиони фунти од Палмеирас и веќе неколку дена тренира со „граѓаните“.

Се очекува Жезус да се појави на теренот со дресот на Сити уште овој викенд против Тотенхем во дресот со број 33.

„Импресиониран сум од сите во клубот. Ми се допаѓа. Гвардиола беше единствениот менаџер кој ми се јави. Бев многу поласкан. Сакам да работам со него и да учам од него секој ден“, прокоментира Жезус за време на промоцијата.