Манчестер Јунајтед влегува во трката за Рабио и има силен адут


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако се чинеше дека трансферот на Рабио во Барселона е пред реализација, од тоа нема да биде ништо, откако Каталонците решија да стават крај на повеќемесечната „сапуница“.

Има повеќе причини поради кои на „Камп Ноу“ се одлучија да се откажат од трасферот на Рабио. Првата причина е Френки де Јонг кој на лето доаѓа од Ајакс во трансфер вреден 75 милиони евра, а втората причина е младиот Карлос Алења на кого Барселона сака да му даде поголема шанса во првиот тим.

Сепак, каталонските медиуми тврдат дека главната причина била мајката на плејмејкерот, Вероник Рабио висока провизија при потпишувањето на договорот, како и плата од 10 милиони евра која Барса не била спремна да ја прифати.

Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и до крајот на сезоната ќе биде надвор од тимот, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.

Наводно „црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат на „Олд Трафорд“ и веќе стапиле во контак со неговата мајка, но и со неговиот нов агент.

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ги искористи неговите сонародници Погба и Марсијал во преговорите, кои ќе треба да го убедат Французинот да ги избере токму „црвените ѓаволи“. Сепак, медиумите тврдат дека главна причина при неговиот избор ќе биде финансискиот аспект.

Голема е веројатноста Рабио кариерата да ја продолжи во Премиер лигата, бидејќи силен интерес за неговиот потпис покажува и Ливерпул.