Манчестер Јунајтед тргнува по „бисерот“ на Милан!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скаутите на Манчестер Јунајтед веќе подолго време ги следат настапите на Милан, а главна цел е десниот бек на „росонерите“ Давиде Калабрија.

Не е тајна дека „црвените ѓаволи“ се во потрага по засилување на десната беквоска позиција бидејќи Валенсија заминува на крајот на сезоната, а Далот не ги оправда очекувањата.

Челниците од „Олд Трафорд“ во 22-годишниот Калабрија гледаат идеално засилување, а скаутите биле импресионирани од неговите квалитети.

Калабрија оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Серија А, и е еден од најдобро оценените играчи во лигата.

Иако се очекуваше Калабрија да стане втор избор после опоравувањето на репрезентативецот Андреа Конти, сепак 22-годишниот бек ја ужива добербата на Гатузо.

Калабрија отекнува од школата на Милан и има договор со „росонерите“ до 2022 година, а неговиот агент потврди за големиот интерес.

„Некоку клубови од Шпанија, Англија и Германија ми се јавија да ми кажат дека го сакаат Калабрија. Меѓутоа, преговори не започнавме бидејќи Давиде е среќен во Милан и клубот не сака да го продаде“, истакна агентот, кој не сакаше да открие дали меѓу заинтересираните клубови е и Манчестер Јунајтед.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан нема намера да се раздели со Калабрија и е спремен да му понуди нов договор.