Манчестер Јунајтед спремен да го сруши клупскиот рекорд за Дембеле?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Maнчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе Осман Дембеле, 22 годишниот фудбалер на Барселона, пишува „Индепендент“.

Според информациите Јунајтед за тој трансфер е спремен да плати сума која би била клупски рекорд, 110 милиони евра. Засега рекордот го држи Пол Погба кој за 105 милиони евра пристигна на „Олд Трафорд“ од Јувентус.

Покрај тоа „Индепендент“ тврди дека Барселона е спремна да го продаде Дембеле за тие пари да ги вложи во Нејмар. Ова лето Каталонците се обидуваа да го вратат Нејмар, но не постигнаа договор со ПСЖ, меѓутоа директорите на клубот јавно порачаа дека додека има можност ќе се обидуваат да го вратат Нејмар.

Дембеле во Барселона пристигна пред две години за 125 милиони евра, токму како замена за Нејмар, а иако се работи голем талент засега не ги оправда очекувањата. За тоа најголема причина веројатно е неговата недисциплина. Во овој момент тој се опоравува од повредата на задната ложа која можеше да се спречи ако ги известел клупските доктори на време.

Извор: Спортски.мк