Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако Жозе Мурињо беше отпуштен од кормилто на Манчестер Јунајтед медиумите на Островот шпекулираа со разни бројки кои „црвените ѓаволи“ му ги дале на Португалецот на име на обештетување.
Сега клубот од „Олд Трафорд“ конечно ги објави сметките од последниот квартал и со тоа конечно беше откриена и сумата која Мурињо ја добие на име на обештетување.
Клубот објави дека потрошил 19,6 милиони фунти за отпуштањето на Жозе Мурињо, кој пред крајот на календарската година беше заменет со Оле Гунер Солсјкер.
Сметките за финансиското работење ги покажа потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, а во нив Мурињо беше заведен како „посебен трошок“.
Покрај Мурињо, отказ добија и голманот Силвино Лоуро, скаутот за противничките екипи Рикардо Формосињо, кондициските тренери Стефано Рапети и Карлос Лалин како и аналитичарот Џовани Цера.
„Во полето на посебни трошоци стои бројката од 19,6 милиони фунти, кои беа употребени како компензација за отпуштањето на поранешниот тренер и дел од неговата екипа“, појасни Вудвард.
Португалецот имаше договор до летото 2020 година, но клубот реши да ја раскине соработката бидејќи тимот не покажуваше резултати, а Мурињо придонесуваше во голема мера за нарушувањето на атмосферата во соблекувалната.
После отказот двете страни спогодбено ја договорија сумата за обештетување, па сега „Специјалниот“ е без договор и е слободен да седне на друга клупа.