Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот португалски фудбалер, Жоао Феликс оваа сезона е вистинска сензација во светот на фудбалот.
Овој 19-годишен фудбалер го привлече интересот на многу клубови и ќе биде вистинско чудо доколку Бенфика успее да го задржи во своите редови по оваа сезона.
За него силен интерес покажуваат најбогатите европски клубови, но најконкрентен е интересот на Манчестер Јунајтед.
Португалски „Рекорд“ пренесува дека „ѓаволите“ се согласиле да платат неверојатни 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на 19-годишниот фудбалер.
Жоао Феликс, кој се смета за наследникот на Кристиано Роналдо, оваа сезона на 43 меча постигна 20 гола и запиша 11 асистенции.
За младиот фудбалер интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, па поради тоа „црвените ѓаволи“ брзаат да ја победат конкуренцијата.