Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Манчестер Јунајтед поланира целосно да се насочи кон привлекување на Герет Бејл, а не на Кристиано Роналдо, пренесува доброинформираниот „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека позицијата на централен напаѓач е добро покриена со присуството на Ромелу Лукаку и нема потреба од Роналдо.
„Специјалниот“ сака да ги засили крилните позиции и негова најголема желба е токму Герет Бејл, меѓутоа тој трансфер воопшто нема да биде лесен.
Се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид ова лето ќе се раздели со Кристиано Роналдо, па во тој случај тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе се откажат и од Герет Бејл.