Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед синоќа со пресврт славеше против Барселона и се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа, откако натпреварот во Каталонија заврши со 2:2, вечерва на „Олд Трафорд“, тимот на Ерик Тен Хаг славеше победа со 2:1.
Добро започнаа работите за Барселона кога Роберт Левандовски постигна гол во 18-тата минута од пенал. Јунајтед имаше негатива се до почетокот на второто полувреме кога Фред изедначи.
Бразилецот, Ентони кој влезе во второто полувреме во 73-тата минута го постигна својот прв гол за Јунајтед во европските натпреварувања и ги постави конечните 2:1. Мора да се истакне и интервенцијата на Рафаел Варан кога ја спаси топката на празниот гол на „црвените ѓаволи“.
Во останатите натпревари, Ајакс доживеа елиминација од Унион Берлин кој загуби синоќа со 3:1 откако пред една недела беше 0:0, Рома на домашен терен го совлада Салзбург со 2:0 и продолжи во следната фаза, додека на натпреварот, Рен и Шахтјор има продолженија.