Манчестер Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе влезат сериозна битка за потпист на ѕвездата на ПСВ, Стивен Бергваjн, тврдат холандските медиуми.

Според последните информации, двата клуба веќе подолго време го следат крилниот фудбалер и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.

21-годишниот крилен напаѓач се смета за новата голема ѕвезда во Холандија, па интерес за него покажуваат голем број на европски клубови.

Со своите одлични настапи за ПСВ, Бергвајн заработи и повик од холандската репрезентација каде неодамна го имаше своето деби.

Тој е дете на Ајакс, но преминува во школата на ПСВ во 2011 година, од каде е прекомандуван во првиот тим.