Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер е под огромен притисок откако Манчестер јунајтед загуби уште едно големо дерби и по поразот од 0-5 против Ливерпул, следеше и пораз од 0-2 против Манчестер јунајтед.
Вчера во англиските медиуми се пишуваше дека голем дел од фудбалерите го кренале гласот и покажале незадоволство, а се истакнува дека први во тој „бунт“ биле Роналдо и Бруно Фернандеш.
Сега се пишува за нов неочекуван потег на Солскјер. Имено, поради лошата форма фудбалерите кои немале обврска кон репрезентациите за време на паузата очекувале да продолжат со тренинзи. Сепак, Солскјер донел изненадувачка одлука кога сите ги распуштил и си заминал со семејството на одмор во Норвешка.
Ваквата одлука била сосема неочекувана за сите, меѓутоа Норвежанецот сметал дека е време за одмор, ќе видиме против Вотфорд по репрезентативната пауза и наредните мечеви дали ова е добар избор.