Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спортскиот директор на Атлетико Мадрид, Андреа Берта е главна цел на Манчестер Јунајтед за директорското место на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед има намера да назначи спортски директор кој што ќе работи во тандем со менаџерот Жозе Мурињо. Според медиумите на Островот, извршниот директор Ед Вудворд веќе има список со неколку кандидати, а токму Берта е на врвот на листата желби.
Италијанецот работи во Атлетико од 2013 година и одигра клучна улога при трансферите на Гризман, Јан Облак и враќањет на Диего Коста.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи исто така е на списокот, но тоа е скоро „невозможна мисија“.
Третиот кандидат е Пол Мичел, поранешен спортски директор на Тотенхем, кој сега работи во Лајпциг.