Манчестер Јунајтед го купува напаѓачот на Атлетико за 50 милиони


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е на добар пат да го комплетира трансферот на бразилскиот напаѓач, Маркус Куња за 50 милиони евра, пренесуваат медиумите на Островот.

Минатото лето „јорганџиите“ за Куња на Херта и платија 26.000.000 евра, а Бразилецот не се вклопи најдобро во тимот на Симеоне.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач, па се спремни да платат 50 милиони евра за Бразилецот и веќе постигнале договор со Атлетико.

Овој 23-годишен напаѓач пристигна во Европа на само 18 години, во швајцарски Сион, а по само една сезона замина во РБ Лајпциг за 15.000.000 евра. Две години подоцна Херта за него издвои 18.000.000 евра.

Тен Хаг верува дека Куња идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и ќе ги реши проблемите во нападот.