Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед остана најскапиот фудбалски бренд за во 2017 година, според оценката на „Brand Finance“.
Брендот на англискиот гигант е оценет на 1,733 милијарди долари, што претставува зголемување за над 560 милиони долари во споредба со мината година, кога „црвените ѓаволи“ исто така беа на врвот.
Европскиот шампион Реал Мадрид повторно е на второто место во класирањето со бренд вреден 1,419 милијарди долари или за 270 милиони повеќе од минатата година. Третата позиција продолжува да ја држи Барселона со 1,418 милијарди долари, но Каталонците бележат раст од 425 милиони во споредба со 2016 година.
Новиот англиски шампион Челзи се искачи на четвртото место со 1,248 милијарди долари, потоа следуваат Баерн Минхен со 1,222 милијарди, Манчестер Сити со 1.021 милијарди и Пари Сент Жермен со 1,011 милијарди долари.
10-те најскапи фудбалски брендови ги комплетираат трите англиски гиганти, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.