Advertisements
Спорт

Манчестер Јунајтед денес го објавува првото засилување

Манчестер Јунајтед денес ќе го објави првото засилување за следната сезона, тврдат медиумите на Островот.

21 годишниот играч на Свонси, Даниел Џејмс веќе пристигнал на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“.

Износот на трансферот ќе биде 15 милиони фунти плус 3 милиони во бонуси.

Даниел Џејмс важи за голем талент на велшкиот фудбал. Му се предвидува голема кариера, а со своите игри во Свонси привлече големо внимание. Тој доби неколку одлични понуди, но избра да се пресели на „Олд Трафорд“.

Џејмс е крилен фудбалер кој во последната сезона за Свонси одигра 38 меча на кои постигна шест гола.
Веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Велс постигнувајќи еден погодок во два натпревари.

Advertisements
To Top