Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првото искуство и импресии од манастирската чудесија посветена на Свети Илија, над село Дрен, – мал Едем на околу 30 км од Прилеп – ќе ве воодушеви, восхити и остави без зборови со својот спој на неприкосновена природна убавина и човечка креативност, посветеност и трудољубивост. И што е најубаво – нема мрежа на мобилен, па сте целосно раат опуштени без некој да ве замара „од цивилизација“.
Обден – раѓање на сонцето среде малиот рај
До оваа земска оаза на спокојот изразена преку човечката посветеност и креативност се доаѓа најпрвин со скршнување од магистралниот пат Прилеп-Велес, за кон селото Радобил, па потоа, по прашлив шумски пат што води низ дивите предели од подножјето на Дрен Планина, минувајќи низ селата Царевиќ, Смолани, па до селото Дрен, низ рекички и низ дабова шума.
Манастирски комплекс уреден со мерак – мерак и милина
Преку тоа прашливо патешествие, кое претставува еден вид на иницијација кон она каде сте устремени, се стигнува до храм со манастирска тишина и целиот закитен со цвеќиња и други растенија. Станува збор за манастирската црква „Св. пророк Илија“, која се наоѓа на 30-тина километри од Прилеп.
Дренската иљач-вода, мелем за телото и душата – само од неа да пиеш и ќе се најадеш, друга храна не ти треба
Влезната порта на манастирот Свети Илија (однатре) и импресивното дворско уредување кое воодушевува
Новата манастирска кујна, од сите страни „сардисана“ од прекрасните цветни чувари – декоративни цвеќиња кои ги полнат очите со шаренило и разнобојна убавина
Дел од конаците на Свети Илија – доказ за човечката посветеност, трудољубивост, креативност и љубов кон местото
Црквата посветена на Свети Илија
Главните и неодминливи манастирски домаќини
Тревникот со овоштарникот од манастирскиот комплекс – како што вели и Миладинов во својата „Т’га за југ“: „Овде дарбите природна сила со с’та раскош ги растурила“
Каде што има вода, има и живот – не за џабе е речена оваа докажана народна мудрост: Парче од едемското уредување на комплексот, крај чешмата со изобилна вода