Home Спорт „Mamba forever“: Победата на УС Опен Ѓоковиќ му ја посвети на Коби Брајант

„Mamba forever“: Победата на УС Опен Ѓоковиќ му ја посвети на Коби Брајант

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 го совлада Данил Медведев во финалето на УС Опен, а победата му ја посвети на легендарниот НБА играч, Коби Брајт кој му беше пријател.

Ѓоковиќ одлично го почна мечот со Медведев, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0.

Вториот сет беше неверојатен, траеше дури еден час и 45 минути, а Србинот го доби во тајбрејк со 7-5.

По маратонскиот втор сет, Ѓоковиќ одигра уште еден релативно лесен сет, го доби со 6-3 и дојде до победа од 3-0.

Ова за Ѓоковиќ беше 24. грен-слем титула, тоа е бројот кој на дресот го носеше легендарниот Коби Брајнт. Турнирот се играше во САД, се поклопија сите коцки и Новак му ја посвети оваа победа нему.

По крајот на мечот Ѓоковиќ облече маица на која пишуваше Мамба засекогаш, го имаше бројот 24 и слика од двајцата големи шампиони.

„Коби ми беше близок пријател. Зборувавме многу за победничкиот менталитет кога јас имав проблеми со повреди и се обидував да го направам мојот камбек. Тој беше еден од луѓето на кои можев најмногу да се потпрам, секогаш беше тука за совет. Тоа што им се случи на него и неговата ќерка ме погоди длабоко. 24 е дресот кој го носеше кога стана легенда на кошарката. Ова беше симболична работа да му се оддаде признание за сите работи кои ги направи“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…