Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сознанието дека 18-годишниот син Бруклин Бекам се гледа со популарната пејачка Рита Ора сериозно ја вознемирило и извадило од такт мама Викторија Бекам, пренесува The Sun.
Бруклин и од него девет години повозрасната Рита повеќе пати досега биле видени заедно, а некогаш и како разменуваат нежности во јавност. Британските медиуми тврдат дека се задевале и флертувале меѓу себе и преку пораки.
„Викторија му фати неколку пораки на Бруклин кои тој ги разменувал со Рита. Таа смета дека Ора има лошо влијание врз нејзиниот најстар син и не сака тој да се забавува со неа“.
Изворот за медиумот вели дека уште во 2017 година Викторија Бекам многу јасно кажала дека не ја одобрува оваа романса.